Гостиварец ја претепал поранешната сопруга

Од:

Гостиварец бил приведен во полициска станица откако Џ.Х.(34) од Гостивар, негова поранешна сопруга пријавила семејно насилство во полицијата.

Според информациите од СВР Тетово, гостиварката слуцачјот го пријавила вчера околу 17 часот. Два часа пртходно, во нејзината куќа дошол поранешниот сопруг Е.Ш.(26), насилно ја отворил влезната врата и започнал расправија и ги навредувал неа и нивното малолетно дете.

Потоа почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Најверојатно поради шокот од ситуацијата во која се нашла, Џ.Х. се обидела да се самоповреди со нож, меѓутоа била спречена од полициски службеници. Насилникот, набрзо по пријавата е лишен од слобода и задржан во полициската станица Гостивар.

Во тек се активности за расветлување на поединостите поврзани со овој случај, по што ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пијан татко си ја истепа ќерката

Уапсен е скопјанец кој пукаше кон сопругата, па им се закануваше на ќерките

Горан Наумовски

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он