Гостиварец го повредил синот во семејна расправија

Од:

Триесет и тригодишен гостиварец завршил во болница со прострелна рана, откако неговиот татко пукал во него и го ранил во рака. Настанот се случил вчера претпладне во куќа на улицата „205“ во Гостивар.

Според СВР Тетово, помеѓу таткото А.С. (57) и синот Б.С. дошло до вербална расправија во семејната куќа. Синот го нападнал, удирајќи го по телото и главата и упатил закани дека ќе го убие, но бил спречен од неговиот брат и истуркан во дворот. Набрзо потоа, Б.С зел секира и почнал да удира во вратата од куќата. Таткото извадил пиштол што го поседувал без дозола и испукал еден куршум кон синот и го ранил во левата подлактица. Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, каде што му е укажана лекарска помош и потоа е приведен во полициска станица.

Осомничениот за пукањето, набрзо по пријавувањето е лишен од слобода. На синот му е земена парафинска ракавица, а оружјето со кое најверојатно е пукано е пронајдено и предадено на вештачење.

Полициска екипа, по овластување на јавен обвинител, извршила увид на местото и се работи на утврдување на деталите и расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски