Гостиварец ги заклучи вработените во општина Врапчиште и го кршеше инвентарот

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово денеска го уапсија Б.Т.(48) од село Неготино, полошко, кој десетина минути пред да биде пријавен во МВР агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште, во кој бил сместен Секторот за урбанизам.

Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи.

Б.Т. е задржан во полициската станица во Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он