Гостиварци бараат лустрација на осуммина сограѓани

Од:

Група гостиварци бара да се покрене процес на лустрација за осуммина сограѓани. Од Комисијата за верификација на фактите потврдија дека иницијатива во форма на барање е стигната пред три дена.

Денеска, преку соопштение, лустраторите бараат претставник од подносителите кои се потпишале како граѓани од гостиварските месни заедници Ново маало, Дутлок и Македонско маало, што побргу да се обрати до Комисијата, бидејќи нема лични податоци, адреса или телефонски контакт за натамошна комуникација.

Писмото со барање за лустрирање на осумте кодоши од Гостивар во Комисијата пристигнало на 19 август. Во него се бара поведување постапка и објавување на осум лица наведени со име и презиме, за кои постојат сомневања дека биле соработници на поранешните тајни служби.

Лустраторите во соопштенеито подвлекуваат: „За да се избегнат било какви шпекулации и неоправдани обвинувања, Комисијата апелира ополномоштен претставник на наведените месни заедници да се обрати по писмен пат или телефонски до техничката служба“.

На листата лустрирани од гостиварско има повеќемина на високи позиции во општестовото, кои своите кариери ги изградиле со кодошење сограѓани.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска