Гостиварчанец пукал со пиштол кон куќата на татко му

Од:

Вчера во 15,10 часот, во ПС-Гостивар од граѓанин било пријавено дека на ул.„Мара Угринова„ непознато лице пукало со огнено оружје-пиштол.

Од страна на УПС веднаш е излезено на лице место при што лицето продолжило да  пука кон куќата сопственост на С. С. (69) и по некое време престанало со пукањето, по што со оружјето се предало на УПС. Се работи за Ј.С. (50) од Гостивар, инаку син на  С. С. , кој поради нетрпение и нерасчистени имотно-правни односи сакал да ги лиши од живот своите родители.

Од испуканите куршуми со прострелна рана во пределот на десната подлактица се здобил С.С., додека неговата сопруга Ш.С. се здобила со прострелна рана во пределот на десната надлактица.

Истите се префрлени во МЦ-Гостивар каде С.С. е задржан на лекување, додека Ш.С. поради сериозноста на повредата е пренесена во УЦ-Скопје.Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гостивар при што се пронајдени 127 чаури кал.357мм, револвер „Смит Весон“ кал.357мм, без куршуми во истиот и футрола во која имало 18 куршуми кал.357мм, кој Ј.С. го поседувал без одобрение.

Од страна на ПС-Гостивар по целосно расчистување на случајот против Ј.С. ќе поднесе соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски