Гори земјоделска задруга во тетовска Брвеница, пожарникарите со часови се обидуваат да го скротат огнот

Од:

Тетовските пожарникари неколку часа се борат со пожарот што попладнево избувна во објект на земјoделска задруга во селото Брвеница.

Според првичните и неофицијални информации, еден пожарникар има лесна повреда на лицето, а од огнот, покрај објектите на задругата, изгорени се илјадници бали слама и механизација.

-Пожар во објект на земјоделската задруга е пријавен во СВР Тетово во 16 часот. Првично нема информации за повредени лица. Изгорена е поголема количина кабаста добиточна храна и дрвени предмети за складирање овошје. Пожарот се уште не е локализиран, информираат од тетовската полиција.

Увид од страна на полицијата ќе биде извршен дури по целосно гаснење и локализирање на пожарот, најавија од полицијата.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот