Гори нискостеблеста и деградирана шума на потегот меѓу селата Церово и Групчин

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, денес се на терен каде одблиску ја следат и координираат интервенцијата за гасење на пожарот кој зафати нискостеблеста и деградирана шума на потегот меѓу селата Церово и Групчин, во општина Желино.

Благодарение на навремената координација од страна на Центарот за управување со кризи и брзата реакција на надлежните институции, во акцијата за гасење на пожарот се вклучија екипите на Територијалната противпожарна единица Тетово, авион од типот „Air Tractor“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на Министерството за внатрешни работи со едно специјализирано возило – воден топ.

Со заеднички и добро координирани напори на сите ангажирани служби, пожарот е успешно ставен под контрола.

Потсетуваме дека ризикот од појава и ширење на пожари во летниот период останува висок. Од особена важност е подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување во природа, со цел навремена превенција и заштита на животната средина и безбедноста на населението.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници