Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Од:

Активни се пожарите во кумановските и селата од Старо Нагоричане, информираа денеска од противпожарните единици. Пожар зафати поголема површина во кумановските села Облавце, Бељаковце, Стрезовце, Руѓинце, а се прошири и кон Сув Ора.

-Пожарот веќе два дена е активен и зафати поголема површина. На еден дел интервенираат пожарникари од Куманово, тука се и триесетина војници од армијата. Кај Сув Ора се пожарникарите од Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во текот на ноќта, како што претходно пренесе информации РЦУК Куманово, евакуирани биле жители од десетина куќи од кумановските села Облавце, Бељаковце и Стрезовце поради опасност од пожари.

– Од СВР Куманово, во текот на ноќта во 21:42 часот известија дека во селата Облавце, Бељаковце и Стрезовце, општина Куманово има опасност од пожар за десетина куќи, полициски службеници заедно со пожарникарите почнаа да ги евакуираат луѓето од куќите, соопшти РЦУК Куманово.

Активен е и пожарот кај Руѓинце.

Во текот на ноќта пожар имало и во Бедиње во близина на бензинска пумпа, на „Никола Tесла“, во селата Тромеѓа Tабановце. Таму горела сува трева, a во Доброшане опожарена била бандера, веднаш биле известена ЕВН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он