Гори депонијата кај струмичкото село Добрашинци, огнот се шири кон езерото Турија

Од:

Денес напладне голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци, во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево, јавува МИА. Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на Територијалната противпожарна едница на Струмица, Александар Гудев.

-Добивме известување за пожар на депонијата кај селото Добрашинци и наши екипи се упатуваат таму. Според првичните информации пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон акумулацијата „Турија“, рече Гудев.

На терен се веќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, кои почнаа со гаснење на пожарот.

Депонија кај селото Добрашинци гореше и на 18 и 19 јуни годинава. Тогаш пожарот беше предизвикан од несовесни граѓани кои се движеле таму.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје