Гордан Калајџиев на информативен разговор во полиција

Од:

Гордан Калајџиев, прeтседател на Хелсиншкиот Комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, утрово во 9 часот е повикан на информативен разговор во МВР, во врска со негово учество на протест на „шарената револуција“. Поканата за информативен разговор му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот, пренесува Дојче Веле.

„Ова е еден вид автогол на тоталитарната власт“, вели Калајџиев.

„На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои ‘учество во протести’. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа ‘штета’ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија“, вели Калајџиев за ДВ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети

(ВИДЕО) Иранки палат цигари јавно од запалени фотографии од ајатолахот Али Хамнеи

Горан Наумовски