Гордан Грлиќ-Радман: Скопје и Тирана заслужија датум за преговори

Од:

Очекуваме Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, бидејќи впрочем тие две земји и го заслжија тоа, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни и европски рабори Гордан Грлиќ-Радман, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

Грлиќ-Радман, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Макаедонија и Албанија, што, спред него, би бил логичен ред на настаните.

Тој потенцира дека оваа Конференција е добар вовед за Самитот ЕУ – Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај и ги одразува хрватските приоритети и заложби за интеграција на западнобалканските земји во Унијата.

Според шефот на хрватската дипломатија, европската перспектива е достажна за сите земји од Западен Балкан и Хрватска ќе работи на нивната иднина во ЕУ.

Околу можноста за блокади од некои земји челенки на пристапниот процес, Грлиќ-Радман нагласи дека Европксата унија е семејство и мора да се почитува сечие мислење. Сепак, според него, мора да се земе предвид интересот на ЕУ во услови на новата геополитика клима, па затоа Унијата има безбедносен интерес Западен Балкан да биде дел од блокот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ