Министерот за локална самоуправа Горан Милевски како што најави, ја достави својата оставка до Владата. Таму ќе се разгледа, а потоа ќе биде испратена до Собранието каде ќе биде само констатирана.
На лидерското место во ЛДП, се најавува дека Милески ќе остане до декемви за кога е закажан редовен Конгрес. Неговата партија треба да предложи ново име за минстер за локална самоуправа. Се очекува тоа да се случи до крајот од оваа седмица и да биде Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Скопје. Милевски според некои информации е можно да поднесе оставка на функцијата во ЛДП и пред декември.