Голтнал марихуана пред приведување од полицајци, други двајца приведени поради кокаин

Од:

Тетовската полиција соопшти дека вчера во околу 20 часот и 20 минути на улица „107“ во Тетово, полицајци лишиле од слобода жител на Долно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдена ризла. Пред лишувањето од слобода, според полицијата, успеал да проголта ќесичка со марихуана.

Два часа подоцна приведени се уште две лица поради кокаин.

-Во 22 часот и 40 минути, во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Т.(46) од Тетово и 38-годишната И.М. од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во санитарниот јазол на објектот биле пронајдени остатоци од кокаин, соопшти денес СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана