Не постои опасност од загадување со изградбата на рудникот за бакар и злато Иловица во Општина Босилово, оценува професорот на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Благој Голомеов.
Според Голомеов, проектот е во согласност со најмодерните и најбезбедни стандарди и европски директиви за најсовремени практики во делот на рударството последици од животната средина скоро и да нема.
– Импактот врз животната средина е скоро никаков, зошто технологијата која е усвоена, проектот кој е изработен е без никакво испуштање загадени води во околината. Ќе се врши рецекулација на водата. Јаловиштето кон внатрешната страна ќе има геомембрана, значи низ него биде каменонасипна брана без никаква дренирање на вода низ телото на браната. Во случај ако првите години дојде до излевање на вода по околниот карпест терен тие под браната со додадна акумулација ќе бидат примени и собрани и повторно ќе бидат употребени во технолошкиот процес. Овој капацитет годишно ќе троши по околу 22 милиони метри кубни годишно, па 80 проценти од водата ќе се враќа назад, објаснува проф. Голомеов.
Тој смета дека не постои никаква причина да не се поддржи овој проект кој според него ќе биде економска локомотива на регионот, и треба да отвори околу 500 работни места. Во меѓувреме во Општина Босилово се одржуваат јавните расправи за комплетирање на државната урбанистичко планска документација.
– Јавните расправи се едни од чекорите предвиден со законските прописи. Тука сите вклучени во процесот ги запознаваат граѓаните со плановите. Потоа што ја комплетираме, државната урбанистичка планска документација ќе оди на одобрување во Министерството за транспорт и врски, а после тоа следува одлука од Советот на општината, по што инвеститорот може да преземе конкретни активности за реализација на проектот, вели градоначалникот на Босилово, Љупчо Колев.
Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Во рудникот ископ треба да се врши наредните 23 години, а во него ќе бидат вработени 400 лица. Според Еуромакс ресорсис годишниот извоз би изнесувал 300 милиони долари, а целата инвестиција околу 500 милиони долари.