Големо невреме во Штип

Од:

Град и силен ветер попладнево го зафати Штип. Засега нема штети од невремето, но земјоделците од штипското село Лакавица велат дека вчера доцна попладнето град со големина на орев им ги столчил житните култури, градинарските производи и тутнот.

Владе Маџовски, жител на село Лакавица изјави дека штетите се големи.

– Има оштетени и покривни конструкции, има и дрвја паднати покрај реката, а струја немаме од вчера, рече Маџовски.

Портпаролот на Општина Штип Драган Ристов информираше дека од утринава веќе четворица земјоделци побарале комисија за проценка на штетите да излезе на терен, а во текот на денот очекуваат и останатите жители да поднесат барања.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена