Големи штети предизвика силниот ветер во Гевгелија

Од:

Силниот ветер, со јачина од 80 километри на час што дуваше синоќа во регионот на Гевгелија, предизвика сериозни штети во градот откорнувајќи дрвја на неколку локации и делови од кровни конструкции.

Екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“, откако намали силината на ветерот, излегоа на терен и веќе интервенираат на отстранување на паднатите дрвја, додека тимовите на ЕВН работат на отстранување на дефекти во индустриската зона ,,Блокотехна“, каде дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според извршениот увид што го направиле екипите кои се на терен, има откорнати дрвја спроти Градската библиотека во центарот на Гевгелија, кај објектот на АД „Водостопанство,, во дворот на детската градинка ,,Сончогледи“ и во спортско рекреативните зони ,,Динќут“ и ,,Вардарски рид“, а делови од кровни конструкции се откорнати од зградата на Основниот суд и од објектот на детската градинка ,,Цветови“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он