Во Скопје и во Куманово во моментот се одвива голема полициска акција во која се уапсени лица осомничени за фалсификување на платежни картички.
Според првичните информации, досега се уапсени осум лица и се трага по други. Извршени се повеќе претреси.
Се работи за најголема и најорганизирана група позната како кумановска. Групата финансиски оштетила десетици македонски граѓани, а податоците ги крадела преку интернет или директно од картичките.
Министерството за внатрешни работи најави повеќе детали за акцијата во текот на утрешниот ден.