Полициска акција во кумановско-липковскиот регион

Од:

Кумановската полиција во соработка со УЈП, Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за труд, спроведе дводневна акција за контрола и претреси во три угостителски објекти во кумановско-ликовскиот регион.

Имено во објект во село Ваксинце се пронајдени шест државјанки на Република Албанија, додека во Мојанце и Слупчане се најдени четири пиштоли, како и кражба на електрична енергија во Рунице и Черкези.

-Полициските службеници во еден угостителски објект пронајдоа шест државјанки на Албанија кои ги забавувале гостите,пеејќи и танцувајќи, по што им се поднесени прекршочни пријави според Закон за странци, а по спроведената прекршочна постапка од страна на Основен суд се протерани од Македонија-изјави портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска.

Во сите три објекти надлежните констатирале повеќе неправилности, во однос на нерегистрирани трговски друштва, неиздавање фискални сметки, непријавени работници, како и прекршоци по Закон за заштита од пушење, при што им се изречени казни од околу 12.000 евра како и забрани за вршење дејност во траење од 15 и 30 дена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски