Голем студ и снег – Македонија во поларен бран

Од:

Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран. Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, од пладневните часови со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Синоптичарите најавуваат период на многу студено време со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Би можело да ве интересира

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато