Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

Од:

Веќе трет ден има голем пожар во националниот парк „Преспа“, кај Пустец, Мала Преспа, јави дописничката на МИА од Тирана.

Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница, а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец, а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари.

Според вработените, интервенцијата е тешка, бидејќи пожарот се наоѓа на врвот на планината „Остоја“, местото наречено Пирамида 10 на границата со Грција. Гори високо стеблеста шума.

– Поради опасноста за проширување на пожарот и на грчка страна, попладнево во гаснењето е вклучена грчката општина Преспа со два помали авиони. Во телефонскиот разговор со генералниот директор на Центарот за управување со кризи, Хаки Чако, во каснењето на пожарот ќе се вклучи и армијата, како и пожарникари од други општини од регионот Корча, наведуваат албанските медиуми.

Чако информирал дека засега нема опасност по населените места.

Нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот и на македонска територија.

Попладнево, според медиумите, реактивиран е пожарот во селото Сух, општина Либохо кај Ѓирокастро, кој претставува опасност за блиските куќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени