Голем пожар во близина на Охрид

Од:

Пожар попладневно избувна во месноста Дебело поле во близина на охридската населба „Радојца Новичиќ“, северно од градот. Во пламен е трска и нискостеблести растенија.

На терен е интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Охрид. Пожарот е локализиран, противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината.

Според проценките, опожарена е површина од околу три илјади метри кадратни.

Причините за пожарот засега не се познати, но според пожарникарите најверојатно се работи за човечки фактор.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид