Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка

Од:

– Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот настанал околу два часот утрово, а бидејќи, според информациите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, настанал од две страни, е од поголем размер и сè уште се работи на гасењето на истиот.

Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека дојавата е примена околу два часот по полноќ и ноќва пожарот беснеел неколку часа.

Градската депонија е во реонот на селото Конопница, Кривопаланечко.

– Бидејќи ова е пожар од поголеми размери, од утрово ангажирани се сите наши вработени, сите екипи на Територијалната противпожарна единица. Вработените во ЈП Комуналец се на терен, со механизацијата со која располагаме, а на помош се одзваа и активно се вклучени повеќе приватни компании кои изведуваат градежни работи на територијата на Општина Крива Паланка. Сите тие интензивно обезбедуваат материјали, земја за посипување, а очекуваме, доколку има потреба, ќе се вклучи и ТППЕ Ранковце, информира директорката на ЈП Комуналец, Мирка Јакимовска.

Според првичните сознанија од теренот и начинот на кој настанал пожарот, најверојатно станува збор за човечки фактор како причинител за пожарот, но надлежните допрва ќе ги утврдуваат причините.

Депонијата во истиот период, месец октомври, била опожарена и претходно.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот