Изборните карвани продолжуваат денеска со митинзи, трибини и со средби со граѓаните на кои ќе ја претстават својата политичка понуда за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Во 18 часот во Скопје, пред Владата, централен митинг ќе одржат СДСМ и коалицијата За живот во Македонија.
Денеска во Струмица во 20 часот и во Радовиш во 17.30 часотмитинзи ќе одржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.
Во хотелот „Холидеј ин“ во 11 часот, Демокртската унија за интеграција организира конференција за економија на која ќе биде претставена дел од програмата за економски развој и еднаквост, а ДПА во 16.30 часот ќе одржи средба со граѓаните во скопската општина Чаир, на паркингот пред Чаирчанка.
Од коалицијата ВМРО за Македонија денеска пред просториите на СЈО изјава за медиуми ќе даде Ден Дончев, носителот на кандидатската листа за ИЕ 1.
Митинзи коалицијата Алијанса за Албанците ќе има во Центар Жупа (18 часот) и во Дебар (19).
Коалицијата за промени и правда средби со граѓаните ќе имаат во Кавадарци (ресторан „Бриони“, 17 часот) и Неготино (Центар на култура „Ацо Ѓорчев“, 19 часот). На овие собири ќе се обратат Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, Слободан Богоески, носител на ИЕ 4, Јове Кекеновски, носител на ИЕ 2, и кандидатите за пратеници Драгана Кипријановскa и Тодор Ношпал.