Голем интерес кај компаниите и кај граѓаните да им помогнат на поплавените во Тетово

Од:

„Ако за Србија важеше „Не оди на кафе, донирај 100 ден.” сега би требало да важи дупло, така?“, прашува еден твитерџија и апелира до граѓаните да донираат средства за помош на тетовчани кои настрадаа завчера во поплавите и поројните дождови. На социјалните мрежи веќе се води кампања за помош на жртвите од несреќата под хаштагот „SupportTetovo“.

Додека граѓаните со најоштетени куќи се згрижени кај нивните пријатели и роднини од околината на Тетово, од Црвен крв велат дека голем интерес да помогнат има не само кај граѓаните, туку и кај компаниите.

– Компаниите веќе пријавија донации во магацините на Црвен крст. Ние донациите ги примаме во Момин поток, а потоа ги дистрибуираме до Тетово. Донациите што пристигнуваат во магацинот ќе почнат да се дистрибуираат од утре, а веќе од резервите на Црвен крст се оденесени 10 пакети со храна, 800 ќебиња или душеци и 50 пакети со средства за дезинфекција – вели секретатор на Црвен крст, Сузана Тунева Пауновска.

Од хуманитарната организација апелираат дека најголемата помош што граѓаните можат да ја дадат е со донирање на 100 денари преку отворените телефонски линии.

– Најдобро е граѓаните индивидуалните донации да ги насочат преку отворени телефонски линии. Отворени се вчера и ќе останат отворени до 15-ти август ако не се јави потреба периодот да се продолжи. Освен мобилните линии, активни се и сметките за солидарност – порачуваат од таму.

Сите заинтересирани граѓани може да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви: 075/070/078 143-400. Помошта за настраданите може да се предаде и во магацините на Црвен крст во Момин поток. Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фондот за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална банка.

Од денес во недела Црвен крст ќе дистрибуира по 250 векни леб до Тетово како поддршка за населението. Од таму велат дека резервите на вода се доста големи, со оглед на тоа што пакети со вода донирале компаниите „Кожувчанка“ и „Пелистерка“. Во наредниот период ќе бидат најпотребни средствата за чистење и дезинфекции, се додека куќите не се оспособат за живеење.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски