Голем дефект, без вода околу 2 илјади кавадарчани

Од:

Две илјади кавадарчани од неколку улици во градот се без вода за пиење од околу 9 часот утрово поради голем дефект на главната водоводна линија фи-200 на улица „Видое Смилевски”.

Се очекува дефектот да биде отстранет до околу 14 часот.

– Интензивно работиме на терен за отстранување на дефектот. Без вода се жители од улиците „Видое Смилевски”, „Орце Николов”, „Ѓорѓи Соколов”, „Блажо Алексов” и булеварот „Македонија”, информираше Марјан Крстевски, одговорно лице техничар во работната единица за водовод и канализација при јавното водостопанско претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Крстевски информира дека од 9 часот без вода за пиење се и  жители од улиците „25 Мај” и „Ѓуро Ѓаковиќ”, поради приклучок на нова водоводна линија. Се очекува приклучувањето на новата линиjа да заврши до околу 13 часот.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак