Годишен состанок на EUROSAI Работната група за ревизија на животната средина

Од:

„Ревизија на одржлив развој“ е темата на 14. Годишен состанок на EUROSAI Работната група за ревизија на животната средина EUROSAI WGEA  во организација на Државниот завод за ревизија на Република Македонија и работната група за ревизија на животната средина кој денеска, утре и задутре се одржува во Скопје.

На семинарот меѓународни и домашни експерти ќе го образложат концептот на одржлив развој и улогата на врховните ревизорски институции во осигурување на утврдените цели.

Во рамките на семинарот под мотото “Lets Audit Green“ предмет на дискусија ќе бидат темите за пазарно-ориентирани инструменти за заштита на животната средина и меѓународните стандарди на ВРИ за ревизија на животната средина.

Учествуваат вкупно 74 претставници од кои 52 се преставници на 23 Врховни ревизорски институции кои се членки на EUROSAI работната група за ревизија на областа и теми од животната средина, а 22 претставници се поканети гости и експерти од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска