Го сопрела полиција, извадил пиштол и почнал да бега

Од:

Полицијата трага по засега неидентификувано лице кое по бркотница со сообраќајната патрола откако било запрено возилото извадило пиштол, и без да го употреби побегнало во непознат правец, информира тетовската полиција.

Инцидентот се случил вчера околу 17,35 часот во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“, кога полицијата дала знак на автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски да застане, при што возачот на автомобилот не застанал, туку продолжил кон Касарната во Тетово. Подоцна, полицијата го сопрела возилото, при што од совозачката страна излегло едно непознато лице и од торбичка која ја носел на појасот, извадил пиштол и веднаш со трчање го напуштил местото на настанот.

Полицијата го легитимирала возачот на возилото и било утврдено дека се работи за 29-годишниот А.Б. од село Мерово. Тој е приведен и предаден за натамошна постапка.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на другото лице и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Дрога, пиштол и куршуми се пронајдени кај тројца уапсени во Скопје

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово