Глутница кучиња усмртиле кози во Тетовско

Од:

Глутница од повеќе овчарски кучиња и кучиња скитници усмртиле седум кози, две потешко повредиле и уште пет полесно, откако вчера влегле во шталата на Р.А.(27) во атарот на тетовското село Доброште.

Според пријавата на сопственикот, како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, нападот на глутницата се случил вчера меѓу 9 и 11 часот додека тој не бил во шталата.

– Во неа имало 16 кози, а поради нападот на глутницата врз козите вкупната штета се проценува на 60 илајди денари. Полицијата извршила комплетен увид и работи на решавање на случајот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово