Глобална кампања против насилство врз жените

Од:

Во следните 16 дена Македонија ќе биде дел од глобална кампања за активизам за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

Во пресрет на 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените денеска во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ ќе се одржи помоција на оваа кампања. Ќе се обратат постојаниот координатор на ОН во земјата Луиза Винтон, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Според последните истражувања, една од три жени и девојчиња ширум светот во текот на својот живот доживува некоја форма на насилство, почнувајќи од физички или сексуален напад, преку психичко малтретирање во домот, на улица или на работно место, па се до демнење на улица или преку интернет.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра