Гледачите на БоомТВ ќе продолжат без прекин да ги следат Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите

Од:

Компанијата ОНЕ информира дека гледачите на БоомТВ продолжуваат да ја следат програмата на Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите.

„Во тек е регулирање на лиценците за емитување согласно новите барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и очекуваме тоа да биде завршено во најкус можен рок, без да дојде до исклучување на споменатите ТВ канали. Со истата постапка работиме и на враќање на Foх Life I National Geoographic каналите“, информираат од ОНЕ.

Од таму додаваат дека ниту еден канал на платформата на БоомТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ.

„На ААВМУ при регистрација на ТВ програмите и се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата како и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која е регистриран“, се вели во соопштението од ОНЕ.

Би можело да ве интересира

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната

Емир Латифовиќ

Лани повеќе се зборувало на мобилен

Емир Латифовиќ

Во Македонија лани имало 69 радија и 63 телевизии

Емир Латифовиќ

Ивановски: Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Емир Латифовиќ

Комити реагираат за турската серија „Збогум Румелија“

Емир Латифовиќ