А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

by А1он25/04/2019 - 14:32278
Share0

Од 14, ДИК прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Сиљановска Давкова кои се однесуваа на изборни нерегуларности. ДИК одлучи да се поништи гласањето на избирачки места во Куманово, Кавадарци, Охрид, Кичево, како и во општините Аеродром и Центар.

Добивај вести на вибер

Иако гласањето таму е поништено, од комисијата констатираа дека на овие избирачки места нема да има прегласување затоа што резултатите нема да влијаат врз исходот од изборите.

Најголем дел од приговорите беа поврзани со несовпаѓање на бројот на потпишани гласачи и гласачките ливчиња во кутијата, но имаше и ситуација каде на едно избирачко место во Охрид, каде се гласаше и за локални избори, освен претседателските, избирачкиот одбор делел две ливчиња за гласање, а гласачите се потпишувале на еден список.

За Кичево, пак имаше сомнежи за полнење на избирачките кутии затоа што за само два часа гласале 297 лица, или како што беше наведено во приговорот, на секои 24 секунди имало по еден гласач.

Одговорноста за овие непочитувања на Изборниот законик од ДИК ја посочија кај избирачките одбори кои ќе бидат разрешени поради непрофесионално постапување, иако членовите на комисијата се согласија дека грешките биле ненамерно направени. Апелираа на поголема внимателност во вториот круг за да нема поништување на гласањето.

Галена Николовска-Ризвановиќ

dikizbori

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто