Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација, соопшти ДИК

Од:

Вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е затоа што одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.

– Благодарност до медиумите и вистинската порака која што је пренесовте до граѓаните дека ДИК и државата обезбедија целосно сигурно гласање на сите наши граѓани кои беа во оваа категорија на гласачи, а со тоа можам да кажам дека ДИК си ја заврши својата задача и за останатите два дена за гласање кога ги повикувам сите наши граѓани да излезат и гласаат, и да не се грижат за своето здравје затоа што на гласачките места ќе бидат максимално безбедни, изјави Дерковски.

Тој изрази благодарност до сите кои учествуваа во гласањето на првиот ден од изборниот процес на вонредните парламентарни избори 2020 година затоа што се одвиваа во исклучително тешки услови за организација и спроведување на самиот чин на гласање.

Од денешното и утрешното гласање ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност.

– Ливчињата остануваат запечатени во пликоата, кои се наоѓаат во гласачките кутии. Така ќе биде и на утрешното гласање. Тајноста е загарантирана и не постои начин да се отворат овие ливчиња, ниту да се провери кој за кого гласал. Сите овие ливчиња остануваат затворени со останатите ливчиња од гласањето на 15 јули и тие нема да се отвораат се до завршување на гласањето, изјави Борис Кондарко, член на ДИК.

Право на глас на изборите имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани. Утре гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он

ДИК изгласа да се зголемат надоместоците на избирачките одбори за 100 проценти

А1он

ДИК не го тестирала софтверскиот систем пред изборите, загрозени личните податоци на граѓаните

А1он

Џафери ја напушти Инфективна, тој ќе ја води конститутивната седница

Ана Ололовска

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Ана Ололовска