Глас за Македонија: Во услови кога големиот криминал наоѓа патишта да се прости, државата и извршителите заработуваат огромни суми на грбот на најранливите

Од:

Глас за Македонија дава целосна поддршка на барањата на здружението „Стоп за извршители“ како и на независните гранкови синдикати кои застануваат во одбрана на правата на граѓаните.

„Крајно лицемерно е и недозволено, во услови кога големиот криминал наоѓа патишта да се прости, кога милиони евра завршуваат во џебовите на политичката и бизнис мафијата, кога дела на висока корупција “застаруваат“, државата и извршителите да заработуваат огромни суми на грбот на најранливите социјални категории.

Бараме итна промена на Правилникот со кој се тарифираат извршителските услуги, ветинг за извршителите, донесување на Закон за отпис на камата по основица на побарување, како и целосна ревизија во оваа насока на Законот за облигациони односи.

Кога државата ќе обезбеди правна држава еднаква за сите, кога процентот на невработеност ќе биде едноцифрен и минималната плата 500 евра, може да се размислува за воведување на некоја минимална камата за побараувања. Се дотогаш, граѓаните не смеат со својата економска немоќ, да ја компензираат немоќта на државата да се справи со високиот криминал и корупција и немоќта на слабата реална економија.

Совесна држава, најпрво се грижи за најсиромашните категории на граѓани. Овде, се штити организираниот криминал“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска