„Глас за Македонија реагира на утрово поставеното огромно албанско знаме на фасадата на општина Чаир. Се прашуваме во која држава се наоѓа општината Чаир?
Ако во Охрид имаше отстранување на знамето на соседна држава од тврдината и санкции за чинот, бараме под итно да се постапи на истиот начин и во овој случај.
Не е дозволено вакво евтино покажување на сила од ниту една етничка заедница. Вака не се гради взаемно разбирање и почит за кое нашата партија се залага, туку се разградува. Бараме стриктно почитување на Законот за употреба на државни симболи, без отстапки за никого и на територијата на целата наша, нагласуваме, унитарна држава.
Ги повикуваме властите итно да постапат според закон!“, се вели во соопштението на Глас за Македонија