Глас за Македонија: Три прашања до Министерството за Образование и Наука

Од:

„Прво, го прашуваме МОН зошто и по поминување на првиот годишен квартал, не е објавен „Конкурсот за распределба на средства за учество на домашни истражувачи на меѓународни научни собири за 2018 година“? Досега овој конкурс беше објавуван во јануари. Значи ли тоа дека овие средства се укинати или се работи за чиста негрижа од страна на МОН.

Со новиот буџет парите за наука беа срамно преполовени, со што оваа најважна гранка е оставена да се развива стихијно и од лични средства на научните работници чиј материјален статус тоа не го овозможува. Дали не власта воопшто и треба наука?

Второ, дали мислат да овозможат бесплатен пристап до електронски библиотеки со научни списанија, за сите научни работници, но и за студентите? Без ова не може да се направи ниту еден чекор напред во науката. Се додека ова не се овозможи, нашата “наука“ ќе биде изолирана и постепено ќе се претвора во квазинаука.

Трето, дали во Законот за Високо Образование конечно ќе се воведат минимум национални стандарди за избор во сите научни звања и ќе важат за сите универзитети подеднакво? Она што сега се случува, наликува на комплетен распад на високото образование. Исто така компонентата за студентски стандард во овој закон не е воопшто развиена. Нашите студенти студираат во полоши услови од целиот регион.

Хаосот во високото образование продолжува. Ниту еден системски, важен зафат не е направен. Ова министерство покажува целосно непознавање на проблемите и решенијата“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска