Глас за Македонија прашува дали е Владата спремна за пост карантинскиот период?

Од:

„Македонија мора да влезе во пост карантински период, кога населението и бизнисот ќе мораат да функционираат паралелно со постоењето на коронавирусот.

Но, Глас за Македонија изразува крајна загриженост што не гледа сериозни подготовки од страна на техничката влада“, велат од Глас за Македонија.

„На пример, дали се направени цврсти протоколи кои потоа ќе се стават во законски уредби за функционирање на училиштата? Дали се размислува како ќе се обезбеди безбеден простор во училници со намален број на ученици, а паралелно со тоа да речеме хонорарно вработување на наставници, адаптација на фискултурните сали во привремени училници, изградба на монтажни објекти за одвивање на наставата?

Дали има протоколи за функционирање на кафулињата и другите угостителски објекти, од кои повеќето располагаат со практично затворен, застаклен простор?

Како и по кој протокол ќе работат фабриките за да се обезбеди голема безбедност на работниците?

Каков протокол ќе постои за голем број услужни дејности како фризери, продукции, разни занаетчиски услуги? И така натаму.

Глас за Македонија бара сериозни подготовки кои во најскоро време мораат да и бидат презентирани на јавноста и на разните засегнати страни. Без тоа, ќе трпи здравјето на граѓаните, нивните работни места и економијата. Време за чекање воопшто нема!“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска