„Со каква економија и со чии пари, Заев и Ахмети тргнале масовно да вработуваат непотребни партиски кадри пред најавениот референдум?!
Ова е скандал од невидени размери. Администрацијата, за која бившата опозиција тврдеше дека е непотребно голема и во функција на изборен инженеринг, сега вртоглаво се зголемува. Ахмети не крие дека илјадници партиски војници на ДУИ ќе бидат вработени само за поддршка на референдумот. Тоа е организиран и дрзок ПОТКУП и ГРАБЕЖ на наши пари. Како што се поткуп и парите кои им се делат на нивни медиуми за чиста и вулгарна пропаганда.
Ова е се, само не е нормална и функционална држава. „Животот“ дојде само за партиската војска. Сите други се проколнати да го бараат своето чаре надвор од државата.
Овој тип на владеење не само што не припаѓа во цивилизираниот свет и барем на пристојните демократии, туку не влечка надолу кон стандардите на најзаостанатите Африкански земји. Тие и такви со своето однесување, најмалку смеат да зборуваат за Европа и за некакви вредности.
Нивните вредности се вредности на дрски криминалци и манипуланти и ништо повеќе од тоа. Земјата со чие име тргуваат, е опустошена по секоја основа. Не постои ниту една независна и професионална институција како сервис на граѓаните“, се вели во соопштението на „Глас за Македонија“.