Глас за Македонија: Не ја прифаќаме капитулацијата на Зоран Заев како свршен чин

Од:

„Глас за Македонија, во заедништво со мнозинството Македонци овде, со македонското малцинство во соседните држави и дијаспората низ светот, не ја прифаќа капитулацијата на Зоран Заев како свршен чин! Ова е само една битка, во војна која мораме да ја добиеме, затоа што овој историски, политичко-дипломатски преседан, не може и не смее да стане траен , предавнички печат на еден народ, кој државата ја создал со визии и крв на бројни генерации.

Вчерашниот ден ќе биде запишан како најсрамниот во поновата историја на Македонија. Со комплекс на инфериорност што се обидува да му го наметне и на македонскиот народ, а како возврат за шансата да биде премиер, Зоран Заев всушност соопшти дека со договорот со Ципрас, му ги исполни сите желби на нашиот јужен сосед за обезличување, обезименување и одземање на минатото и иднината на македонскиот народ!

Дно на еден мачен дипломатски процес, во кој Грција лукаво, конечно успеа да ја легализира кражбата на македонска територија од 1913 година, во пакет со сечењето на корените на нашата историја, традиција, идентитет.

ГЛАС порачува, да не брзаат државите кои не не’ признале под уставното име, со прифаќање на новодоговореното на Заев-Ципрас!

Глас за Македонија ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија, политичките партии кои сакаат да го сочуваат името и достоинството на нашата држава, да се обединат во еден промислен и истраен процес, чија крајна цел е, да се спречи овој договор да стапи на сила!

ГЛАС порачува, дека не смее да им се подлегне на замената на тезите, па предавството и подаништвото да се прикажува како лидерски, историски чин! Лидерство е да ја градите земјата чесно, со сопствени сили, како рамноправен партнер со Европа и светот, да го мотивирате народот со идеи и труд да се избори за подобар живот и почит од соседите и од меѓународната заедница!

Во таа смисла, го поддржуваме Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во намерата да го искористи уставното право/и должност – да не го потпише указот, доколку договорот Заев-Ципрас стигне во македонското Собрание и пратениците изгласаат ратификација („при чиста свест и со мирна совест“).

Глас за Македонија, очекува МАНУ и сите врвни државни институции да ја преземат одговорноста за се’ што може да се случи доколку договорот се реализира и Република Македонија влезе во „црната дупка“, ископана од владејачката елита и соработниците!

Глас за Македонија синоќе излезе на спонтаниот протест пред Собранието на Македонија, а ќе продолжи и на секој начин со граѓаните истомисленици да го изразува спротивставувањето на погубната политика маскирана во розови ветувања за поубав живот и иднина, се’ до паѓањето на власта на предвремени парламентарни избори“ се вели во соопштението на МАНУ.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Планот за борба против корупцијата е урнебес салата

Ана Ололовска

„Глас за Македонија“: Нашата црвена линија се науката, традицијата, културната меморија

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара оставка на Владата поради „фијаското на нејзината стратегија“

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија: Итно да се расчисти нападот врз Љупчо Палевски

А1он

Глас за Македонија: Лидија Димова да му се извини на македонскиот народ за изјавата дека Македонија била дел од фашистичка држава

Ана Ололовска