Глас за Македонија: Лидија Димова да му се извини на македонскиот народ за изјавата дека Македонија била дел од фашистичка држава

Од:

„Пред два дена, Лидија Димова, директор на Националната агенција за програмата Еразмус, даде јавна изјава на дебата со која ја навреди целата македонска јавност. Имено, во сред уценувачки преговори со бугарската комисија, која се обидува да ја ревидира нашата историја, но и сопствената, таа изјави дека и Македонија која била дел од цитираме: “Кралството на Србите, Хрватите и Словените ( последново, мислејќи веројатно на Словенците) била дел од фашистичка држава“, што значи дека имала фашистичко минато. Со тоа грубо се релативизираат улогите на Македонија и Бугарија во антифашистичката војна. Покажа флагрантно незнаење дека во војната државата се викала Југославија, на која Хитлер на 6-ти април 1941 и објавил војна. По се изгледа се измешала со марионетската, подоцна создадена НДХ, а такви творби имало низ цела Европа“, велат преку соопштение од Глас за Македонија.

„Модерната македонска држава е родена точно низ антифашистичка борба, која е крунисана со АСНОМ. Тоа е нашата историска победа и гордост. Ние сме биле на страната, и со победниците во војната.

Нејзината изјава е навреда кон сите борци, сите жртви на фашизмот на просторот на цела Југославија, а за нас најважно, во Македонија.

За разлика од тоа Бугарија, после војната, на Парискиот мировен договор во 1947, е ставена во редот на земји, губитници во војната. Бугарија морала да и плати на Југославија репарации од 25.000.000 долари (тогаш вределе многу повеќе) токму поради штетите во Македонија“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

„Бугарија, во рамки на фашистичка Германија учествувала со свои војски не само во окупираната Македонија, туку и во офанзивите во Југославија, а објавила и војна на Соединетите Американски Држави. Последново, се разбира како дел од црниот хумор.

Партијата Глас за Македонија е гневна поради неколку работи:

Прво, ова е навреда за целиот наш народ кој помина низ антифашистичка борба и макотрпно создаде своја држава, тогаш Народна Република Македонија.

Второ, се покажува дека ова се функционерите на власта кои си даваат за право да не претставуваат и даваат јавно мислење. Се работи за човек кој со толкаво општо непознавање, токму во ЕУ не би завршил ниту гимназија. Да не се знае сопствената историја која се учи од мали нозе, е срамно.

Трето, оваа госпоѓа која патем јавно изјавува дека е сеедно дали еден студент има 6-ка или 9-ка просек, водеше Центар за европско образование, а сега дели стипендии за мобилност на млади. Ете тоа се кадрите кои располагаат и ќе располагаат со европските пари. А народот очекува “светла иднина’ со влез во ЕУ. Никогаш нема да се фати семката на мочуриштето во кое една личност како Лидија Димова, работи со млади, располага со европски пари и спроведува “европски“ политики“, се додава во соопштението на Глас за Македонија од каде бараат Лидија Димова, јавно да се извини на македонскиот народ за навредата.

„За улогата на Бугарија во Втората Светска Војна, ја покануваме да прочита во еден од учебниците од основното образование. Еве, во учебник на било која европска држава“, се додава во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска