„Глас за Македонија“: Држава – легализирана дивоградба

Од:

„Македонија никако да се стави во редот на цивилизирани земји, каде зборот „дивоградба“ воопшто не постои. Во клубот на земји каде ние целиме, еден камен да се постави нелегално, мора да биде отстранет. Не само што не е дозволено никакво градење, доградување и надградување вон урбанистичките планови, туку се пропишува и типот на кровот, па дури и хортикултурното уредување на дворовите кои гледаат кон улиците.

Сосема спротивно на тие практики, кај нас со новиот Закон за легализација на диво изградени објекти (вон урбанистичките планови и без дозвола) само се докажува дека ние стануваме цела држава дивоградба. Логиката: “се е дозволено, само прашањето е за колку пари“ не става во редот на нецивилизирани нации и градови кои наликуваат на Готам Сити.

Овој неодговорен, профитерски однос доведе до тотален хаос, губење на секоја функционалност, естетика, уништување на еко системите, а конечно и до енормно загадување на градовите.

Бараме дивоградбите веднаш да се отстрануваат и да се казнат оние кои го прекршуваат Законот за градење. Во спротивно, државата станува соучесник и промотор во кршењето на законите и активно поддржува целосен хаос во нашите, веќе доволно упропастени урбани средини“, се вели во соопштението на Солза Грчева, претседател на „Глас за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска