Глас за Македонија: Чија е и кому служи МПЦ?

Од:

„Колку време е потребно владата на Заев „да пропадне во гробот, што му го копа“ на својот народ со овој заговор, интриги и невидени лаги? Воедно, доколку за тоа треба повеќе време отколку што останува за потпишување на предавничкиот договор и со јужниот сосед, Глас за Македонија повикува на итно обединување на сите истомислечки сили во земјава, користејќи ги расположивите демократски средства и методи на протест – се’ до уривањето на оваа влада, а со цел, да ја спасиме нашата единствена држава, Република Македонија!

Трагикомедијата на Зоран Заев и на неговата влада што ѝ ја приредуваат на Македонија веќе една цела година, секој ден има по еден нов скандалозен чин! Тоа до денес, не му успеало ниту на еден даровит драматург, ниту на еден политичар „лидер“. Освен дрското дезинформирање на јавноста за текот на преговорите со Ципрас, за кои „лидерот“ не доби дозвола од мнозинството на македонскиот народ, а за кои точните информации ни доаѓаат од југ (при што владата не сфаќа дека тоа е врв на понижувањето), вчера и денес, шокот на македонската јавност е поврзан со Црквата.
Преку социјалните мрежи, кои ја преземаа улогата – ако не да изнесат проверени информации, барем да ги испровоцираат, денес, по сесијата пратенички прашања, објавеното писмо на владата до Патријаршијата во Истанбул и од грчките реакции, со метод на вкрстување и редење камчиња во мозаик, сфативме дека:

Владата на една секуларна држава, со име Република Македонија (за владата, привремено име), се зафати со пишување официјални писма до највисоки црковни институции, во случајов, до Вселенската патријаршија (понатаму ВП) во Истанбул
Првиот министер З. З. (без да му затрепери гласот), на пратениците денес им тврдеше дека со тоа писмо само го поткрепил писмото на Архиерејскиот Синод на МПЦ-ОА до Вселенската патријаршија, со цел да се реши канонскиот статус на нашата црква, а портпаролот на владата, тврдеше дека премиерот не барал промена, т.е. елиминација на името (Македонија, Македонска).
Синодот на МПЦ – ОА, конечно, откри дека пред околу еден месец, испратил писмо до ВП барајќи решавање на својот канонски статус, како Охридска Архиепископија (без МПЦ), значи и тој „апла“ не се откажал од името, само „го скратил“ за делот МПЦ, но останало историското, канонско име – ОА.

Дека во случајов, работата на Заев да го комплетира пакетот за името во неговите „лични“ преговори со Ципрас, ја врши и МПЦ, ни разјаснија грчките медиуми. Тие ги пренесоа изјавите на нивните политичари, дека Заев се обврзал да ја елиминира употребата на името и во називот на црквата, која нели, е Македонска Православна Црква.

Во чиновите на македонската трагикомедија „ин виво“, З.Заев, т.е. сценаристите, заборавиле дека партнерот од југ е лукав и немилосрден. Тој нема да ги поштеди ниту кога му прават услуга (т.е. му се простираат без задршка), па соопштувајќи ги информациите од нивна страна, ги откриваат лагите на „нашата“ страна. Тоа се пак толку плитки и ефтини играрии, што не вреди да се повторува, дека З.З. ја навредува интелигенцијата на македонскиот народ. Она што е уште по срамно и жално, е дека во овој чин, Г.Г. Стефан, кој има обврски кон македонските верници овде и низ светот, сега, се стави во улога на олеснувач на З.З., кој треба да остане „со чисти раце““ се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска