Глас за Македонија: БАН отворено го негира постоењето на македонскиот јазик, итен прекин на работата на мешовитата комисија

Од:

Глас за Македонија преку писмено соопштение најостро реагира на како што велат „шовинистичките и пред се ненаучни изјави на Бугарската Академија на Науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик“.

„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин.

Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безбројни и стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници, лингвисти од целиот свет.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија, која има за цел да ја избрише македонската нација и македонскиот јазик. Овој штетен договор, секако не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува. Како таков, Глас за Македонија нема да го почитува“, се вели во реакцијата на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска