„Поради крајна неодговорност која ја демонстрира во целиов период додека трае кризата со епидемијата поради која имаме една од најголемите смртности во светот, која на крајот резултираше со страшна смрт на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово, Глас за Македонија бара од Владата разрешување на Министерот Венко Филипче во рок од 24 часа“, се наведува во соопштението на Глас за Македонија.
„Во цивилизарани земји оставка се дава од морални причини, но и да не се влијае на истрагата. Бидејќи тој не дава оставка, сега и веднаш, Владата мора да го разреши.
Бараме итно испитување на одговорноста и на сите вклучени во синџирот: од против пожарната заштита на болницата, производителот на ваквите модуларни болници, до одговорните во фирмата која издала лиценци за овие болници.
Колку е цинична изјавата на Министерот кој кажува дека насекаде во светот биле исти модуларните болници! Зарем има такви кои горат за неколку минути? Зарем смеат пациенти да се сместуваат во такви пластични канти?
Ова е крајна негрижа, крајна неодговорност на целата Влада и на партиските институции на системот“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.