Глас за Македонија: Бараме неотповиклива оставка од Министерот за животна средина и просторно планирање

Од:

Глас за Македонија бара неотповиклива оставка од Министерот за животна средина и просторно планирање, поради како што велат во соопштението „неможноста ова министерство да се справи со највисокото можно загадување во повеќе градови во Македонија“.

„Ние како земја, водиме во светски размери по загаденоста на воздухот. Не можеме да се согласиме со препораките да не се излегува на улица и прозорците да бидат затворени. Така беше вчера во Скопје, така е повеќето денови. Бараме оставки и од градоначалниците на Скопје, Тетово и од сите градови каде загаденоста на воздухот во повеќето денови е далеку над дозволената граница. Се покажа дека не се способни да воведат интервентни и брзи мерки за санирање на овој проблем, поради кој во опасност се доведени илјадници животи и здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

„Бараме, наместо лагите дека поголемото загадување доаѓа од затоплувањето на дрва, отворено да кажат колку увозен опасен отпад влегува во земјата, кој непрописно се согорува. Бараме да ги затворат веднаш и дивите топилници на метали. Последниве ако не знаат каде се, ќе им ги покажеме.

Бараме во најзагадените градови, веднаш да се прекине со градење на згради за домување, кои веќе сега ги има повеќе од потребното, а прашината од градењето дополнително не гуши. Не е понудено ниту кусо рочно, ниту трајно решение за сообраќајот и огромниот број на коли по улиците. Прашуваме, дали има некој казнет во државата за ваквата алармантна ситуација?

Министерството за здравство да излезе со точните бројки на ново заболени од канцер, од астма и белодробни заболувања. Оваа колективна неодговорност на сите оние кои се платени и задолжени за одржување на квалитетна животна средина, мора да прекине. Не е јасно зошто воопшто граѓаните треба да ги плаќаат ваквите неодговорни институции кои не работат во интерес на здравјето на граѓаните“, соопштуваат од Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија: Итно да се расчисти нападот врз Љупчо Палевски

А1он

Глас за Македонија: Лидија Димова да му се извини на македонскиот народ за изјавата дека Македонија била дел од фашистичка држава

Ана Ололовска

Грчева: Искрадени сме до коска, имаме нула гласови во избирачки места каде гласаа наши членови

Искра Манојлоска

Глас за Македонија прашува дали е Владата спремна за пост карантинскиот период?

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара политичките партии да се откажат од парите за 2020 година

Глас за Македонија бара итни мерки за помош на производителите на храна и на занаетите

Ана Ололовска