Глас за Македонија бара итна и неотповиклива оставка од Зоран Заев

Од:

„Партијата Глас за Македонија бара итна и неотповиклива оставка од Зоран Заев. Денес, македонскиот народ и останатите граѓани на Република Македонија, јасно покажаа дека неговата политика на бесконечни кршења на законите, доживеа вистински бродолом. Народот одлучно кажа дека е против преименување на Македонците и на Македонија. Обидот да создаде вештачка творба наречена Северна Македонија е неприфатлив за огромното мнозинство.

Му порачуваме да престане да манипулира и крахот да го претставува како успех. Уште од првиот Законик на Хамураби, законите постојат да се почитуваат и следува казна за нивно кршење. Со својот однос, Заев се обидува да не врати во камено доба. Нема да му дозволиме да продолжи со својата политика на се или ништо. Впрочем, тој денес стигна до “ништо“. Оставка!“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО