Ѓуровски: Преку успешен спој на теоријата со праксата ќе изградиме студент кој може да одговори на потребите на пазарот

Од:

Немозможна е европеизацијата без вложувања во едукација, особено во делот на конкретно зајаканување на кадровските и истражувачки капацитети, доколку сакаме да ги следиме потребите на пазарот и високите европските стандарди. Ова го изјави проректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) на прес-конференција.

Пред новинарите денеска беа презентирани приоритетите во работењето за престојната академска 2019/2020 година во делот на наставно-образованата, научно истражувачката дејност, активност за обезбедување на квалитет, развој, интернационализација, соработка на Универзитетот со бизнис заедницата, особено посветувајќи се на односот со студентите и нивното место во студирањето и понатамошниот академски развој и профилирање, како и академската мобилност низ програмите на ЕУ, САД и др.

Проректорот за студентски работи и институционален Еразмус + координатор професорот Марјан Ѓуровски нагласи дека приоритет на УКЛО е студентите да бидат во фокусот на образовниот процес при спроведување на наставата, ускладување на програмите со европските практики и искуства, потребите на пазарот, развојот на општеството и пред се личниот развој на студентот како поединец.

Заедно со студентите, спомена Ѓуровски, сакаме да потикнеме различни форми на берза на идеи кои ќе наидат на поддршка од корпоративната заедница и преку тој трилатерален однос дојдеме до нови иновативни методи во наставата. За тоа, според Ѓуровски, предуслов е добивање на поголема поддршка од државата за студентите и за професорите со зголемување на компетенциите во секој од учесниците во универзитетската заедница.

„Се залагаме за воспоставување на синергија меѓу студентите-професорите-бизнис заедницата и државните институции, воедно ќе вложиме напори за поголемо вклучување на студентите во истражувачки работи на Факултетите и потикнување и модернизација на процесот на пракса преку законски измени, а потоа конретни мерки на стекнување на практични знаења. Само преку успешен спој на теоријата со праксата ќе изградиме студент кој може да одговори на потребите на пазарот, но и тој самиот да се најде овде дома, наместо пред или по студирање да ја напушти земјата“, изјави проректорот Ѓуровски.

Според него, приоритет е зголемување на мобилноста на студентите и академскиот кадар надвор од државата, поголема присустност на странски студент на нашите факултети и размена на искуства и знаења на тој начин.

Отворањето на прозорецот за информации, стипендии за студиите во ЕУ и САД каде ќе може да поминуваат најмалку еден семестар во следење на настава, полагање или практична работа ќе им биде понудено на заинтересираните студенти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“.

„Континуираното осигурување на квалитетот и интердисциплинарниот пристап во студиските програми ќе доведе до поголема претпознатливост на Универзитетот на европските образовни простори, нострификација на дипломите во дел од европските земји како СР Германија. Ќе направиме се да се зголеми достапноста до поголеми бази на податоци за студентите и професорите во студирањето и усовршувањетo“, нагласи професорот Ѓуровски.

Тој спомена дека особено значаен ќе биде гласот на студентот во одлучувањето во органите и телата на УКЛО и факултетите, преку Студентското собрание и Студентски правобранител. На крајот одговарајќи на новинарско прашање, проректорот на Универзитетит „Св.Климент Охридски„ Марјан Ѓуровски заклучи дека „процесот на европеизација на опшеството неможе целосно да се реализира без да бидеме успешни и да вложуваме во концептот на едукација.

На средбата со новинарите говореа и ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и проректорите проф. д-р Гордана Трајкоска, проф. д-р Љупче Кочоски и проф. д-р Игор Неделковски.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски