Ѓорѓиевски вети инфраструктура за добиточниот пазар

Од:

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За Подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за Куманово Зоран Ѓорѓиевски и дел од кандидатите за советници денеска одржаа прес конференција, на која Ѓорѓиевски најави дека доколку ја добијат поддршката од граѓаните ќе извршат регулирање на добиточниот пазар во село Долно Коњаре, потсетувајќи дека овој проект тој го предложил уште пред четири години.

– Регулирањето на добиточниот пазар предвидува целокупна инфраструктура, потребна за еден таков објект со покривање на две третини од сточниот пазар, така што ќе се обезбеди похуман однос кон животните кои се продаваат на пазарот, бидејќи досега на пазарот нема ниту поилки, ниту пазарот е покриен, така што животните се продаваат во лоши услови, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во програмата е предвидена и изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“ во близина на училиштето „Кочо Рацин“, а вети и изградба на центар за откуп на земјоделски производи на големо, нагласувајќи дека ваков дистрибутивен центар е предложен и пред четири години.

– До негова реализација не дојде, сега сме сигурни дека со мојот избор како градоначалник и со избор на советничката листа ќе го реализираме и овој потребен проект за земјоделците од општина Куманово, нагласи Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица