Ѓорѓиевски: СДС се плаши дека ќе ги загуби изборите и затоа прибегнува кон злоупотреба на полицијата

Од:

„Владата на СДС во отсуство на реални проекти и дебаклот кој го доживеа во своите први 100 дена сега се потпира на полициските структури со цел подобрување на резултатите кои ќе ги имаат на локалните избори на 15-ти октомври.

Главниот аргумент на СДС нема да бидат програмата и проектите туку полицијата и политичките хајки кои ќе се прават врз кандидатите за градоначалници.

Токму тоа го потврдуваат последните примери, каде СДС води нарачана, и пресметана хајка врз градоначалниците на ВМРО поднесувајќи нарачани, неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.

Градоначалникот на Велес, Чадиев доби, пријава за тоа што ставил пред 5 години, точка на дневен ред, градоначалникот на Прилеп, Ристески пак доби пријава зошто не ја осигурал општината од нагрдување на шарените, додека на шарените платеници влакно не им фали што ја руинираа општинската зграда, градоначалникот на Кавадарци, Панов заработи кривична која нема никакви докази и се базира на изјава на сведок кој патем неколку пати ја менувал изјавата.

Најглавното централно место во стратегијата на СДС има употреба на МВР. Тоа се гледа и во свот анализата на СДС, Кисела Вода каде си нацртале дека полицијата ќе помогне на партијата во изборите и дека надежта е токму нејзината злоупотреба.

МВР не смее да биде продолжена рака на СДС. СДС се плаши дека ќе ги загуби изборите и затоа прибегнува кон злоупотреба на државниот апарат“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски