Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по долгогодишна негрижа за овој исклучително важен комплекс. Акцијата, како што нагласи, е директен одговор на оправданите реакции и забелешки на граѓаните.

-Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад, вели Ѓорѓиевски во објавата.

Како што најавува тој, секој дел од комплексот ќе биде уреден со цел Клиничкиот центар да добие лик соодветен на неговото значење.

Ѓорѓиевски потенцираше дека ова не е изолирана интервенција, туку почеток на континуирана грижа, најавувајќи дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина со цел одржување на хигиената и безбедноста во најзначајните јавни простори во градот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ