Ѓорѓиевски: Нов урбанистички план, намалување на комуналните давачки

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски, денеска одржа прес-конференција на која претстави дел од активностите.

Дел од мерките што ВМРО-ДПМНЕ ги предвидува во предизборната програма за Куманово се нов генерален урбанистички план, намалување на комуналните давачки за изградба на типски семејни А2 категории згради за 30 проценти, како и изготвување на студија за изградба на нова атмосферска канализација во Куманово.

– Еден од најглавните проекти со кои настапуваме во периодот што претстои е изготвување нов Генерален урбанистички план бидејќи стариот ГУП е истечен уште во 2012 година, пет години не е донесен нов, така што со правење нов ГУП сите оние тесни грла во Куманово ќе бидат избегнати. Со правењето нов ГУП ќе се предвиди зеленилото да биде во што поголем обем, со нови зелени решенија и со стриктно спроведување на законите за изградба на нови урбани зони, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во новата програма се предвидува и студија со која ќе се одвои фекалната од атмосферската канализација со што, како што рече, поплавите што се случуваа на булеварот „Октомвриска револуција“ ќе станат минато за граѓаните на општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски